Поранешниот голгетер и претседател на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер, предизвика реакции со изјавата за причините зад фудбалскиот успех на Хрватска, гостувајќи на американската телевизија „Си-Би-Ес Спортс“.
Давор Шукер беше дел од Светското клупско првенство како важен претставник на УЕФА и имаше можност да се види со голем број пријатели од минатото, а по крајот на премиерниот клупски мундијал кој го организираше ФИФА, легендарниот Хрват има само позитивни зборови за целиот формат.