Екипата на Вардар направи голем исчекор кон уште една европска победа, откако има минимално, но крајно заслужено водство на полувремето од вечерашниот дуел против Лозана, прв од второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига.
Лозана е вториот ривал на Вардар во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, ривал кој е далеку подобар, поквалитетен од Ла Фиорита, меѓутоа швајцарскиот клуб не сака да ја преземе улогата на фаворит во оваа пресметка.
Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1. Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност.