На дваесетина дена пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, ситуацијата во Манчестер Јунајтед драстично се промени.
Рубен Аморим претпоставува дека клубовите кои се интересираат за неколку играчи на Манчестер Јунајтед во моментов калкулираат, но им испрати порака дека клубот не планира да одобри транфери кои нема да ја исполнат предвидената сума за продажба, Португалскиот стручњак се ослободи од Рашфорд, но на списокот „непотребни“ се и играчи како Гарначо, Маласија, Санчо и Антони, фудбалери за кои има заинтересирани страни, но засега не и конкретен договор.