Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за активностите на Каталонците на летниот пазар.
Барселона во тековниот трансфер период го позајми крилниот напаѓач Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и го купи голманот Жоан Гарсија од Еспањол, a, ако може да се верува на првиот човек на клубот Жоан Лапорта, тоа е што се однесува на шампионот на Шпанија за ова лето.