Актуелните шампиони на НБА лигата, Бостон Селтикс, убедливо ги победија Њујорк Никс со 115:93 во „Медисон Сквер Гарден“ и со тоа ја остварија првата победа во оваа полуфинална плејоф серија во Источната конференција на НБА лигата и ја намалија негативата на 1-2. Така продолжи трендот во Источната конференција, каде што дури и по шест одиграни натпревари во второто коло, домашниот тим сè уште не забележал победа. Netpress