Генералното собрание на Евролигата и нејзините клубови кои се косопственици на натпреварувањето, официјално ги потврдија сите учесници за сезоната 2025/26. Официјално е потврдено учеството на екипата на Дубаи, која добива петгодишна „вајлд-карта“, додека истото важи за Црвена Звезда, Партизан, Валенсија и Виртус Болоња, кои добија тригодишна „влезница“ за елитата.
Она што беше најавено одамна во Евролигата, сега стана и официјално, елитното европско клупско натпреварување ќе има рекордни 20 учесници од следната сезона.Ќе дебитираат Дубаи и Хапоел Тел Авив, Валенсија се враќа, а Алба Берлин го напушти натпреварувањето и ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА.