Американскиот кошаркар Џабари Паркер се збогуваше со навивачите и раководстово на Барселона кое и самото му посака се најдобро во продолжението на кариерата со обостран раскин на договорот кој важеше до крајот на следната сезона.
Следната дестинација на вториот пик на драфтот во 2014 година се очекува да биде белградски Партизан, нешто што го потврди и неговиот агент кој неодамна изјави дека двете страни се блиску до постигнување на договор.
Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Tocka
Откако за наредната сезона Барселона потпиша договор со Торнике Шенгелија, Паркер и Каталонците спогодбено се разделија.
Минатата сезона, во дресот на каталонскиот тим, имаше 13,8 поени и четири скока по натпревар во Евролигата. Topsport
„Точно е. Многу сме блиску до договор со Партизан“, потврди денеска неговиот агент Никос Локос за „Меридијан Спорт“, дополнително зовривајќи ги страстите меѓу фановите на „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Ekipa
Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан.
Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра. Kurir
Паркер има деветгодишно НБА искуство имајќи предвид дека од 2014 до 2023 година настапуваше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон.
Сепак, факт е дека не го искористи максимално својот потенцијал, имајќи предвид дека Бакс во 2014 го избраа како втор пик на драфтот, а вкупно во НБА одигра само 310 натпревари. Kos
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.
Раперот Дрејк (38) се огласи преку Инстаграм приказна и призна дека изгубил 8 милиони долари на обложување во текот на изминатиот месец, пишува „Дејли мејл“.„Морам да ја споделам и другата страна на обложувањето… Загубите се навистина луди во моментов … Се надевам дека наскоро ќе можам да ви покажам некои големи добивки, бидејќи се чини дека сум единствениот што никогаш не го видел „Макс“, додека сите други го добиваат барем еднаш неделно“, напиша музичарот.
Она што често се најавуваше во НБА лигата во последните месеци, сега дефинитивно се оствари - Кевин Дурант е трејдован од Феникс Санс во Хјустон Рокетс.
Американскиот кошаркар Кевин Дурант e продаден од Феникс Санс во Хјустон Рокетс, објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија.
Шеј Гилџес Александар, како што се очекуваше, ја однесе дома престижната титула најкорисен играч во финалната серија од НБА плејофот за сезоната 2024/25, заокружувајќи ја својата неколкумесечна доминација, бидејќи претходно беше избран за најдобар меѓу најдобрите во регуларниот дел од најсилното кошаркарско првенство во светот.
Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер покажа дека сите индивидуални признанија што ги освои оваа сезона не биле случајни и дека заслужи се што му се случи во овие осум месеци.
Оклахома Сити Тандер ја освоија титулата шампион на НБА.
Моментот кој го одлучи НБА финалето.
Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира.
Грчкиот репрезентативец Јанис Папапетру ја изненади јавноста во својата земја откако денеска објави крај на кариерата, на 31-годишна возраст.