Македонскиот тренер Ервин Цого, кој е селектор на баскет репрезентацијата на Швајцарија, не успеа да се закити со златниот медал на Светското првенство во баскет 3х3, откако во финалето неговата селекција загуби во финалето од Шпанија со 17-21. Претходно Швајцарците ја елиминираа Србија, еден од главните фаворити за првото место.
Поранешниот македонски кошаркар, а сегашен тренер во 3х3 баскет, Ервин Цого, ја пишува најубавата приказна на Светското првенство во 3х3 баскет со селекцијата на Швајцарија.