Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, не бираше зборови по поразот на атинските „зелени“ во Истанбул, каде Ефес славеше со 85-82. Јанакопулос ја нарече Евролигата мафија, а вербално ги нападна и судиите Дамир Јавор, Сретен Радовиќ и Саша Пукл, како и директорот за судии Даниел Херезуел и претседателот на Евролигата Дејан Бодирога.