Во „мајсторката“ одиграна вечерва во Скендерија во Сараево, пред рекордни 8.600 гледачи, Босна триумфираше со 88-74 против Илирија од Љубљана и по 15 години обезбеди пласман во јадранската елита.
Последен пат, сараевскиот тим играше во јадранската елита во сезоната 2009/10 кога го освои претпоследното место, но поради низа проблеми подоцна се откажа од учеството во неа, се досега. Sport1
Кошаркарите на Босна ја освоија АБА 2 лигата, бидејќи беа подобри од словенечка Илирија во третиот решавачки натпревар (88-74). Пред околу 8.000 навивачи во жестока атмосфера на сараевската „Скендерија“, Босна го освои своето враќање во регионалната елитна лига за прв пат од 2010 година. Gol