Во „мајсторката“ одиграна вечерва во Скендерија во Сараево, пред рекордни 8.600 гледачи, Босна триумфираше со 88-74 против Илирија од Љубљана и по 15 години обезбеди пласман во јадранската елита.
Последен пат, сараевскиот тим играше во јадранската елита во сезоната 2009/10 кога го освои претпоследното место, но поради низа проблеми подоцна се откажа од учеството во неа, се досега. Sport1
Кошаркарите на Босна ја освоија шампионската титула во АБА 2 лигата, откако вечерва во решавачкиот, трет натпревар од финалната плејоф серија ја победија Илирија со 88:74 (13:10, 25:22, 25:25, 25:17) на домашен терен во Сараево. Sitel