МЗТ Скопје Аеродром е прв финалист на плејофот во македонското кошаркарско првенство, а вечерашната убедлива победа од 88-61 за чисти 3-0 во полуфиналето со Куманово, беше засенета од инцидентот во салата „Перо Наков“ во Куманово кој се случи на полувремето.
Неколку домашни навивачи разочарани од изданието на нивниот тим, го нападнаа Србинот Тадиќ кој наводно ги провоцирал, и се обидоа да му го соблечат дресот. Sportmanija