Сезоната на Денвер Нагетс во НБА заврши со пораз во полуфиналето на Западната конференција од Оклахома (125:93). Веднаш по елиминацијата, сопственикот на тимот, Џош Кренке, одби да зборува за иднината на тренерската позиција, но изрази задоволство од работата на привремениот тренер, Дејвид Аделман.
Центарот на Јута Џез, Вокер Кеслер, изјави дека еден од најдобрите кошаркари во моментов во светот, Никола Јокиќ е „убедливо најтешкиот играч за чување“ во целата НБА лига.