Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.
Полицијата во Лос Анџелес почна да апси луѓе во центарот на градот доцна во вторникот, додека групи се собираа кршејќи го ноќниот полициски час по петтиот ден протести против строгата имиграциска политика на Доналд Трамп.
Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, е „катастрофа“ која го претворила Градот на ангелите во „криминален град“.Ноем, бранејќи ги напорите на федералните органи за спроведување на законот за апсење на, како што вели, „најлошите од најлошите“ криминалци меѓу нелегалните имигранти, ги обвини Бас и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, дека не прават „апсолутно ништо“ за да ги заштитат граѓаните на Лос Анџелес од криминални имигранти.„Гевин Њусом не направи апсолутно ништо, градоначалникот Бас не направи апсолутно ништо.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот откако неговата администрација започна серија рации за имиграција, велејќи дека нема да дозволи беззаконието да продолжи.