Нашите млади кошаркарки на одличен начин го почнаа натпреварот и ја добија првата четвртина со 16-6, меѓутоа Романија во продолжение од мечот целосно ја презема контролата и на паузата замина со 37-27. Романија го диктираше темпото и во второто полувреме, додека Македонија не успеа да одговори на нападите на противникот и на крајот загуби со 45-87. Ања Начевска беше најефикасна во редовите на Македонија со 11 поени и 13 скокови, додека Колева имаше девет поени, два скока и две асистенции.
Printscreen / Youtube / FIBA Basketball Женската јуниорска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што од денеска се одржува во Литванија.