Втор меч, втор убедлив пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години на Европското Б првенство кое се одржува во Ереван, Ерменија, овојпат загубивме од Австрија со 79-58. Момците на Горан Самарџиев добро го отворија мечот, ја добивме првата четвртина со 13-12, се чинеше дека сме рамноправен противник и ќе се бориме за победа на овој натпревар.
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години доживеа втор пораз на Европското првенство – Б-дивизија, што се одржува во Ереван, Ерменија.