Фото: КФМ Селекторот на машката македонска репрезентација, Марјан Илиевски, повика 27 кошаркари за подготовките за натпреварите од претквалификациите во август, со Романија и со Унгарија.
Првиот собир на репрезентативците е закажан за денеска Селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави поширокиот состав со играчи за претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година во Катар, објави Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Илиевски повика 27 кошаркари, листа на кандидати што ќе биде доставена во Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Првиот собир пред подготовките на македонските репрезентативци е закажан за денеска, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, од 18 часот, пишува Кошаркарската федерација на Македонија.