Искусниот американски кошаркар, 32-годишниот Бредли Бил се договори со Феникс Санс да го откупи својот договор и ќе стане слободен агент на НБА пазарот, што ќе го чини 13,9 милиони долари, објавија американските медиуми.
Некогашниот трет пик на НБА драфтот (2012 година), Бредли Бил нема повеќе да го носи дресот на составот на Феникс Санс.