Министерот за спорт, Борко Ристовски, издвои дел од своето време за денеска да го посети комплексот „НБ НОЕЛ“ во Негорски Бањи, каде своите подготовки за претстојните предизвици ги има кошаркарската репрезентација на Македонија.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес потпиша договори со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев и со градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, за реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура од потпрограмата на Владата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа.