Соопштение на СДСМ – интегрален текст: Христијан Мицкоски е единствениот политичар во Македонија кој директно придонел за понижување на македонскиот јазик и негово бришење од Европскиот парламент.
Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ.
Османи, Ковачевски, Маричиќ и соработниците го доведоа во прашање македонскиот идентитет – отстапките и сервилноста на претходната власт, се покажаа на дело.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП. За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, дома тука, не доведоа во една ваква ситуација.