Големата ѕвезда на американски Интер Мајами, Лионел Меси го сумираше настапот на својот клуб на Светското клупско првенство.
Лионел Меси пред преселбата во МЛС лигата во Интер Мајами беше дел и од Пари Сен Жермен, но во францускиот клуб не успеа да се вклопи, а пред натпреварот на овие две екипи на Светското клупско првенство зборуваше за периодот во Париз.
Интер Мајами успеа да се пласира во елиминационата фаза од Светското клупско првенство во САД, но доживеа дебакл уште во првото полувреме против ПСЖ.
Европскиот шампион, ПСЖ многу лесно се справи со Интер Мајами во осминафиналето од Светското клупско првенство, победија со 4-0, сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.