Амбициозноста, инаетот, борбениот дух, а секако и тениското знаење се главните причини зошто Новак Ѓоковиќ толку долго е на врвот или прв врвот во светот, па и сега кога има 38 години и многумина негови врсници се веќе во спортска пензија.За Ѓоковиќ нема загубена топка, се бори како лав, така беше и денеска против Миомир Кецмановиќ кога во клучниот поен и гејм од првиот сет, реши да го освои, па што сака нека биде.
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ многу лесно се справи со својот сонародник, Миомир Кецмановиќ и се пласира во осминафиналето од големиот грен-слем турнир Вимблдон.