Женската младинска репрезентација на Македонија в среда ќе го започне настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија, вечерва го совлада Косово во пријателски натпревар со резултат 30-20. Ова беше и „генерална проба“ за младинките пред настапот на Европското првенство во Црна Гора, а првиот меч младинките ќе го играат против Унгарија за два дена.