Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.
Европскиот младински олимписки фестивал е водечки мултиспортски настан за европски млади спортисти на возраст од 14 до 18 години.
Во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ денеска со почеток во 11 часот, ќе бидат претставени младите олимпијци и врвни спортски таленти кои ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025.