Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска го потврди најновото засилување за следната сезона, а тоа е одличниот ирански голман Саид Хеидарирад.
Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак . Искусен и квалитетен голман доаѓа во Битола и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26. Се работи за 34-годишен голман, кој во својата земја е гопема спортска ѕвезда.