„Ако Усман Дембеле не ја освои „Златната топка“, тогаш има проблем“, рече претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, во пресрет на четвртфиналето на Светското клупско првенство против Баерн Минхен . Тој кажа дека после одличната сезона, и освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите, играчот на ПСЖ заслужува да се закити со ова признание.
Пари Сен Жермен денеска има голем предизвик, а тоа е дуелот против Баерн Минхен, во четвртфиналето на Светското клупско првенство.