Иран го задржува правото да избере каков било одговор во одбрана по американските напади врз неговите нуклеарни постројки, напиша утрово иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на платформата X. Арагчи рече дека нападите се „скандалозни и ќе имаат последици за вечни времиња“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.