Facebook / Real Madrid C.F. Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во Групата Х. Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3:1 Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ.
Дефанзивецот Асенсио по еден старт во седмата минута со кој спречи одлична шанса на мексиканскиот состав беше испатен во соблекувалната, но „кралевите“ и така покажаа квалитет.