Првиот тенисер во светот Јаник Синер славеше против Шпанецот Карлос Алкараз со 3-1 во сетови, односно 4-6, 6-4, 6-4 и 6-4 во финалето на Вимблдон и стана првиот Италијанец кој го кренал пехарот во сингл-конкуренција Синер прв успеа да направи брејк и да поведе со 4-2 во првиот сет, меѓутоа Алкараз со два брејка во продолжение го сврте мечот во своја корист (6-4). Алкараз тргна лошо во вториот сет и го загуби првиот гем, по што не успеа да го загрози Синер кој сервираше одлично и стигна до 6-4. Италијанецот беше разигран и во третиот сет, каде што ја искористи третата брејк-топка во сетот и успеа да слави со 6-4. Проблемите за Шпанецот продолжија, а тоа знаеше да го искористи Синер кој со нов брејк поведе со 3-1 во четвртиот сет, по што Алкараз не успеа да се врати во игра и загуби повторно со 4-6. Фото: EPA PHOTO. Sport1