Фото/ EPA/NEIL HALL Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2. Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа. Topsport
Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2). Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра.
Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс. Pressingtv
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на Вимблдон, совладувајќи го Французинот Александре Мулер (41. на АТП листата) со 3-1 во сетови (6-1, 6-7, 6-2, 6-2). Најдобриот тенисер на сите времиња ѝ отпоздрави на публиката на Централниот терен во Лондон, а потоа симулираше движење на „пумпање“ – гест кој стана симбол на студентските протести против режимот во Србија, по трагедијата со падот на настрешницата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Sportmanija
Го освои сетот со 6:2 и дојде до предност од 2:1. Мулер на почетокот на четвртиот сет пропушта две брејк шанси.
Следеше потоа нападот на Ѓоковиќ на сервисот на противникот, повторно беше успешен и доаѓа до предноста. Sportski