Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини, вчера одигра херојски меч против вториот светски рекет Карлос Алкараз, но по пет исцрпувачки сета мораше да се прости од Вимблдон, најверојатно за последен пат во кариерата.
Карлос Алкараз успеа да се пласира во второто коло на Вимблдон, но одигра прилично долг меч против искусниот Италијанец, Фабио Фоњини, триумфирајќи со конечни 3-2, по сетови 7-5, 6-7/5, 7-5, 2-6 и 6-1. Шпанскиот тенисер наиде на силен отпор од Фоњини, но успеа да се извлече и да не дозволи голема драма во финишот.