Новак Ѓоковиќ ги изненади, па дури и ги исплаши своите фанови кога го загуби првиот сет со 6:1, но седумкратниот победник на Вимблдон набрзо почна да игра како што знае за да го надмудри Алекс Де Минор, „електричниот зајак“ од Австралија, и со победа од 3:1 (1:6, 6:4, 6:4, 6:4) се квалификуваше по 16-ти пат во четвртфиналето на Гренд слемот во Лондон, каде што ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи. A1on