Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник Синер, на убедлив начин се пласираше во четвртото коло на Вимблдон, откако попладнево триумфираше над Шпанецот Педро Мартинез со 6-1, 6-3, 6-1. Следниот противник на Синер ќе биде победникот од дуелот меѓу Бугаринот Григор Димитров и Австриецот Себастијан Офнер.
Од: А1он Тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, се квалификуваше во осминафиналето на Вимблдон, откако го победи 52-от играч во светот, Педро Мартинез, Шпанија, во третото коло денес во Лондон, по три сета, со 6:1, 6:3, 6:1. Натпреварот траеше еден час и 55 минути.