Во златното време на Големата тројка, кога Федерер и Надал биле спонзорирани од Најк, чудно е зошто Ѓоковиќ го напуштил Адидас (спонзор само 2008-2009 година), и потпишал за Серџо Тачини (2010-2012), Уникло (2012-2017) и Лакоста (2017 до денес). Финансиски, веројатно, Ѓоковиќ поминал добро во спонзорскиот однос со овие брендови, но белегот на ‘несакано дете’ во тенисот сигурно не би бил допуштен доколку зад него стоел Адидас или Најк.