Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот во Ашафенбург, Германија (награден фонд 40.000 долари). Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Јоси Димс со 2-0 во сетови (6-3, 7-6/5) за 100 минути игра.
Во текот на мечот Ѓорческа имаше подобра реализација на брејк топките 6/8, а нејзината ривалка имаше 5/9 во мечот каде македонската тенисерка освои десет поени повеќе 7-4,:6-4. Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6-3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до тај брејкот.