Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Берг Бугариќ е нов шампион на нашата земја во тенис откако денеска во финалето на Државното првенство го совлада репрезентативниот колега младиот Кристијан Јанев со 2-0 во сетови.
Александра Симева ја одбрани шампионската титула на Државното првенство, откако во финалето ја совлада Теона Андова со 2-1 во сетови (5-7, 6-1, 6-3). Натпреварот се одигра на терените на ТК Југ и понуди драматична тениска пресметка во која Симева покажа искуство и борбен дух.