Ивановски прв стигна до брејк во седмиот гем за водство од 4-3, по што ја задржа концентрацијата и со одличен сервис се одлепи на 5-3. Иако не ги искористи двете брејк и меч-топки при следниот сервис на противникот, Ивановски не дозволи изненадување и на својот сервис го комплетираше триумфот со нов 6-4. Со оваа победа, младиот македонски тенисер продолжува со одличните настапи и ќе има шанса да се докаже и на главната сцена во Сан Марино. Sportski