Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе направи кам-бек во руската ВТБ лига, откако само денови го делат од потпис на договор со Зенит Санкт Петерсбург.
Македонскиот репрезентативец (кога сака да игра), Ненад Димитријевиќ, е на чекор до враќање во руската кошаркарска лига, откако италијанскиот новинар Андреа Калчони објави дека е пред потпис на двегодишен договор со Зенит од Санкт Петербург вреден - три милиони евра Тој пред доаѓањето во Италија, настапуваше за рускиот УНИКС, со кој во 2023 година ја освои ВТБ лигата.