Селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров, на денешниот собир за финишот на квалификациите за пласман на ЕП, истакна дека Македонија ќе ја чекаат два тешки меча од психолошки аспект, и од аспект што здравствениот билтен не е поволен, со оглед дека ќе недостасуваат некои ракометари.
Македонската репрезентација остана без уште еден ракометар пред крајот на циклусот за ЕП 2026, затоа што на располагање нема да биде и Марко Стојковиќ.