Неговото враќање доаѓа во исклучително важен момент за тимот, непосредно пред финалето на ФА Купот против Кристал Палас, кое се игра на 17 мај на „Вембли“, но исто така и пред последните три кола во Премиер лигата во кој Манчестер сити ќе води битка за пласман во Лигата на шампионите „Тој е подготвен за настап, но дали ќе започне од првата минута, ќе одлучиме утре“, изјави шпанскиот стратег Норвежанецот беше на клупата минатиот викенд во минималната победа на Сити над Вулверхемптон, но не доби минути на теренот. Sport1