Шпанецот Карлос Алкараз освои нов престижен трофеј во кариерата, откако славеше над првиот светски рекет, Јаник Синер, во финалето на Мастерсот во Рим со конечни 2-0, по сетови 7-6/5 и 6-1. Алкараз беше особено доминантен во вториот сет и му нанесе тежок пораз на Синер, кој имаше огромна поддршка од домашната публика. Gol
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Мастерс турнирот во Рим, откако во финалето го победи домашниот миленик Јаник Синер.
Мечот траеше еден час и 43 минути и заврши во два сета, со резултат 2:0 (7:6, 6:1). Алкараз, од понеделник се враќа на второто место на АТП листата. Topsport
Дуелот за титулата во Рим воедно беше 25. АТП финале за Алкараз и Синер, а Шпанецот прв пат во кариерата триумфираше на Мастерсот во италијанската престолнина.
Алкараз дојде до титулата во Рим откако во денешното финале при водство на Синер во првиот сет од 6-5 во гемови спаси две сет топки (15-40) по што го освои тајбрејкот. Nezavisen