Во првиот меч на Светското клупско првенство Јувентус одигра одлично и со убедливи 5:0 го победи Ал-Аин.
Јувентус извонредно го започна своето учество на Светското клупско првенство откако доцна синоќа го „растури“ тимот на Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати со 5-0 во првиот натпревар во групата „Г“. „Бјанконерите“ демонстрираа класа и брзина, со кои буквално го здробија противникот во првото полувреме, кога постигнаа четири гола.