↓↓↓ VIDEOДосегашниот тренер на голмани, Стојан Петрушевски, останува дел од стручниот кадар и ќе биде задолжен за развојот на млади таленти низ младинските категории, како и за скаутирање на нови имиња – со цел создавање на квалитетен домашен производ за иднината на Вардар.Келентриќ во својата богата кариера ги бранеше боите на клубови како Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен, Мелсунген, а како тренер работеше во Гумерсбах, каде последниве четири години беше задолжен за сите категории на голмани во клубот.