Екипата на Оклахома Сити Тандерс ја совлада Индијана 103:91 во седмиот одлучувачки натпревар од финалето и за прв пат во историјата на франшизата ја освои титулата во НБА лигата.
Во седмиот натпревар од големото финале, Оклахома на свој терен ја совлада Индијана со 103-91. Пред Пејерс, Оклахома ги елиминираше Мемфис (4-0, Денвер 4-3, Минесота (4-1). Натпреварот за жал беше обележан со тешката повреда на Тајрис Халибартон кој за седум минути запиша девет поени пред тешко да се повреди и во големи болки да го напушти паркетот.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.