Двократниот шампион на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон, Енди Мареј, ќе помогне во дизајнирањето на сопствена статуа за одбележување на 150-годишнината од турнирот на трева во 2027 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Организаторите на Вимблдон изјавија дека имаат цел да ја откријат статуата на британскиот тениски великан за време на изданието во 2027 година.
Енди Мареј, првиот британски победник на Вимблдон по пауза од 77 години, ќе добие статуа што ќе биде поставена во Ол Ингланд Клубот, објави претседателката на таа институција, Деби Џеванс.