Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, забележа убедлива победа на трката на 5.000 метри, која се одржа во Марибор, Словенија, во рамки на Европското тимско првенство – трета дивизија.
Ова е втора победа за македонската атлетска репрезентација на шампионатот.