Кобен совет за Диого Жота: Му беше препорачано да не патува со авионФудбалерот на Ливерпул доби кобен совет.
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26). Тие биле на одмор во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот, а потоа се запалил.
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора, откако пукнала гумата на неговиот автомобил, поради што излетал од автопатот.