Тренерот на ТНС, Крег Харисон изјави дека фудбалерот Оте бил расплакан по инцидентот во кој бил инволвиран навивач на Шкендија.
„ТНС силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамајд Оте од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите на УЕФА против КФ Шкендија“, се вели во соопштението на велшкиот шампион. Skopjeinfo