Рeпрезентациите на Унгарија и на Шпанија ќе се сретнат во големото финале од Светското првенство во ватерполо што се одржува во Сингапур, откако во денешните полуфинални дуели беа подобри од своите ривали Србија, односно Грција.
Унгарците во четвртфиналето го декласираа актуелниот светски првак Хрватска, а во сличен стил одиграа и во голем дел од денешното полуфинале со Србија, славејќи со конечни 19-18. Унгарија имаше 6-3 во првиот период, Србија успеа да се врати, за момент и да поведе, по што на одмор се замина со израмнети 8-8. Пресудна беше третата четвртина во која унгарските ватерполисти постигнаа дури осум погодоци, стигнувајќи до огромна предност.