Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во продолжение: Затоа што сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да изиграте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени, затоа што морализирате, а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што ми се случува во животот, јас не престанав да бидам посветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество, затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3000 изведби, над 700 ТВ емисии проекти, вие се фативте за афера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете и точно знаев дека ќе морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура.